Со освоени 37,5% од гласовите, партијата на поранешниот претседател Румен Радев – Прогресивна Бугарија победува на предвремените парламентарни избори според првата излезна анкета на Алфа Рисрч.
Според овие прелиминарни резултати, Прогресивна Бугарија ќе добие 110 места во следниот парламент според Маркет Линкс и 105 според Алфа Рисрч.
За целосно мнозинство, на партијата ѝ се потребни 121 место, а сè зависи од конечните резултати, кои ќе го вклучат и гласањето во странство и ќе одредат колку партии ќе влезат во следниот парламент – пет или шест, објавуваат бугарските медиуми.
Изборите се одржаа со висока излезност на гласачите до 19:00 часот, таа е 46,76%.
Коалицијата ГЕРБ-СДФ на поранешниот премиер Бојко Борисов го зазема второто место со 15,1% од гласовите. По неа следуваат ПП-ДБ со резултат од 13,3%.
На четвртото и петтото место соодветно се наоѓаат ДПС (8,1%) и „Вазраждане“ (5,0%). Малку над бариерата за влез во парламентот е „БСП – Обединета левица“ (4,2%).
Формациите „Сјај“ (3,1%), МЕЧ (2,7%), „Величе“ (2,4%), АПС (2,1%), „Има такви народ“ (1,6%) и „Сина Бугарија“ (0,7%) засега остануваат под линијата.
Б.С.
