Вести Македонија

Филипче: Ако Мицкоски знаел за кривичната тогаш е кривична одговорност, доколку не знаел политичка

„Ако Мицкоски знаел за кривичната тогаш е кривична одговорност, доколку не знаел политичка“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

  • „Слушав и не ми се веруваше што кажува сега премиерот. Човекот којшто отворено се закануваше и од собраниската говорница кажуваше кој како ќе биде гонет, се закануваше со органите на власта, којшто е независна власт, судска власт. Човекот чијшто портпарол на влада и уредниците на Орбановите медиуми знаат што пишува во пријавите и каков ќе биде исходот од одредени судски процеси, наеднаш не чувствува ништо. Чудни амплитуди во чувствата постепено се зголемуваат и наеднаш исчезнуваат“, рече Филипче.

„Прво, премиерот треба да знае, сакам да му порачам, доколку знаел што се случува со пријавата, тогаш има кривична одговорност. Доколку не знаел, има политичка одговорност затоа што се заканува и се заканува и тоа е нешто што не смее да го прави. Тоа е манир на автократски режим. Ама тоа не нè изненадува. Тоа е така изминатите две години по ред. Тоа е неговиот манир на владеење да се заканува, да го дели општеството, да креира непријатели внатрешни и надворешни, да подгрева меѓуетнички тензии, да не држи настрана од Европа. Зошто? За да може да крадат. Ете, тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе