Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи.
Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри.
Екипа на Телма која е на терен забележа полициско комбе пред трговскиот центар „East gate“, а граѓаните велат дека немало евакуација.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
