Вести Свет

Папата изјави дека светот е „превртен наопаку“ на мировниот состанок во Камерун

Папата Лав XIV упати силна порака за мир од западниот камерунски град Баменда, еден од епицентрите на долготрајниот сепаратистички конфликт, кој важи за една од најзапоставените кризи во светот.

Неговата посета беше проследена со масовен одѕив од локалното население. Илјадници граѓани излегоа на улиците, со песни, танци и радост, поздравувајќи го првиот папа кој пристигнал во овој регион, надевајќи се дека неговото присуство ќе го сврти вниманието на меѓународната заедница кон насилствата што со години го разоруваат нивното секојдневие.

Во рамки на посетата, папата предводеше мировна средба на која учествуваа претставници од различни верски заедници, традиционален водач од Манкон, претставник на презвитеријанската црква, имам и католичка калуѓерка. Целта беше да се истакне меѓурелигискиот напор за надминување на конфликтот и поддршка на бројните жртви.

„Оние што ги ограбуваат вашите земји од нивните природни богатства, најчесто голем дел од профитот го вложуваат во оружје, со што ја продолжуваат бескрајната спирала на дестабилизација и смрт“, порача папата Лав XIV.

Тој додаде дека станува збор за „свет свртен наопаку“, во кој се злоупотребува Божјото создание, нешто што, како што нагласи, „мора да биде осудено и отфрлено од секоја чесна совест“.

Папата повика на „одлучна промена на курсот“, односно вистинска морална и општествена преобразба што ќе го насочи светот кон одржлив развој и поголема човечка солидарност.

Камерун располага со значајни природни ресурси – нафта, природен гас, кобалт, боксит, железна руда, злато и дијаманти – што ја прави експлоатацијата на богатствата клучен столб на економијата, но и потенцијален извор на тензии и конфликти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе