Вести Македонија

Поскапо производство на ориз, пченка и сончоглед – земјоделците почнаа со пролетната сеидба со зголемени цени на вештачките ѓубрива и нафтата

Пролетната сеидба поскапо ги чини земјоделците. Зголемувањето на цените на вештачките ѓубрива и на нафтата ги зголемија трошоците за производство на ориз, пченка и сончоглед. Од страна на државата во тек е скрининг на фирмите кои увезуваат вештачки ѓубрива и тоа по која цена ги имаат увезено и колкава е маржата која што ја имаат употребено во делот на продажбата. Министерот за земјоделство, Трипуновски најави дека утре на заедничка маса седнуваат министерствата за земјоделство и економија, пазарниот инспекторат и увозниците на вештачки ѓубрива.

Веќе за утре е закажан состанок со увозниците на вештачки ѓубрива во нашата држава, во министерството за земјоделство, на кој што ќе присуствуваат и претставници од министерството за економија, да ја согледаме сондажата од терен, која што е пристигната од пазарниот инспекторат и во зависност од параметрите кои што ќе бидат внатре, на еден заеднички состанок ќе донесеме некои конкретни мерки, како ќе се делува во делот на евентуално превенирање на ценовниот шок, во делот на употребата на вештачките ѓубрива“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Цветан Трипуновски.

Пред три дена во кочанскиот регион на дел од површините е пуштена водата за наводнување, со што и официјално почна сеидбата на ориз. Земјоделците по долги години ќе можат на нивите да посеат семенски материјал произведен во Институот за ориз во Кочани.

„Таму веќе се работи на домашно производство на семенски материјал. Ве поканувам како медиум да го посетите овој Институт и да се уверите, навистина таму има сериозен прогрес. Веќе оваа година, оваа сеидба ќе имаме први количини на семенски материјал, кои што ќе бидат употребени“, додаде Трипуновски. 

Се следи и процесот на откуп на оризова арпа од ланската реколта, а досега според податоците на ресорното министерство се откупени околу 10.000 тони оризова арпа од ланската реколта.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе