Вести Македонија

Блупринт групата со реакција за затворената седница на Судски совет за Рибарев

По исклучување на јавноста од седницата на Судскиот совет на која се решаваше за повторување на случајот на разрешувањето на судијата, Стојанче Рибарев, откако тој ја доби битката пред Европскиот суд за човекови права дека му било повредено правото на фер судење, Блупринт групата за реформи во правосудството реагираше дека Судскиот совет со тоа отстапил од принципите на транспарентност и отчетност.

„Блупринт групата за реформи во правосудството изразува сериозна загриженост поради одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија да ја исклучи јавноста при одлучувањето по барање за повторување на постапка по пресуда на Европскиот суд за човекови права“, се наведува во соопштението на Блупринт групата.

Од Блупринт во реакцијата наведуваат дека, иако дисциплинските постапки се затворени за јавноста со цел заштита на интегритетот на судиите, конкретното барање за повторување на постапка врз основа на пресуда од Европскиот суд за човекови права има различна правна природа и претставува прашање од јавен интерес.

„Досегашната пракса на Советот потврдува дека ваквите барања се разгледуваат на јавни седници, без тоа да го загрози интегритетот на судијата, туку напротив, го зајакнува легитимитетот на одлуките. Особено имајќи предвид дека одлуките за разрешување, како и пресудата на ЕСЧП, се јавно објавени, не постојат оправдани причини јавноста да биде исклучена во оваа фаза“, наведуваат од Блупринт групата.

Притоа од Блупринт групата наведува дека ваквото постапување е во спротивност со препораките на Оценската мисија на ЕУ, Комуникациската стратегија на Судскиот совет и заложбите за реформи и унапредување на јавната доверба во судството.

Судскиот совет инаку вчера по барањето за повторување на постапката за Рибарев, донесе одлука случајот на неговото разрешување да оди пред жалбениот совет на Врховниот суд.

Рибарев како судија беше разрешен во 2021 година за нестручно и несовесно работење како в.д. претседател на Кривичниот суд, влијаејќи и контролирајќи распределбата на судските предмети, особено на тие од СЈО. Неговото разрешување тогаш падна пред жалбениот совет во Врховниот суд, но Судскиот совет и во повторената постапка во 2022 донесе одлука за негово разрешување, без право на жалба, што Европскиот суд за човекови права го оцени дека со тоа му е направена повреда на правото за фер судење.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе