Турската полиција нареди апсење на неколку десетици лица кои на социјалните мрежи објавувале контроверзна содржина и ги поддржале смртоносните пукотници во училиштата.
„Налози за апсење се издадени за 83 лица за кои е утврдено дека се вклучиле во објави и активности со кои се величел криминалот и криминалците“, пишува во соопштението на полицијата.
Дополнително, пристапот до 940 сметки на социјалните медиуми е блокиран, а 93 групи на Телеграм се затворени, се додава во соопштението.
Девет лица загинаа, а 13 беа повредени откако 14-годишен ученик отворил оган во училиште во Кахраманмараш. Ден претходно, 19-годишен поранешен ученик пукаше во училиште и рани 16 лица. Двајцата напаѓачи подоцна бea пронајдени мртви.
Инцидентите што се случија оваа недела предизвикаа протести.
Десетици членови на главните синдикати за наставници се собраа вчера вечер пред Министерството за образование во Анкара и повикаа на дводневен штрајк низ цела Турција.
Тие носеа транспарент на кој пишуваше: „Нема да ги предадеме нашите училишта на насилството“.
Девет лица се убиени во вториот напад со огнено оружје во училиште во Турција во последните два дена
