Од опозицијата очекувам да се однесува критички, како што се однесува, кога, имам чувство, дека набрзо високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, нивни блиски од семејството, итн., ќе бидат опфатени со одредени прогони, порача премиерот Христијан Мицкоски за време на денешното промовирање на 100 нови возила за „Македонска пошта“ во Скопје.
„Имам чувство, не велам дека имам информации. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции, и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност“, изјави премиерот Мицкоски.
С.Д.
