Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека разговорите меѓу САД и Иран би можеле да продолжат во наредните денови, и покрај тоа што Техеран засега вели дека нема информации за нов состанок.
Изјавата доаѓа по неуспешните преговори одржани викендот, на кои не беше постигнат договор околу нуклеарната програма и ситуацијата во Ормускиот теснец.
Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека администрацијата сака да постигне „голема зделка“ со Иран, но призна дека длабоката недоверба меѓу двете земји е сериозна пречка.
Тој нагласи дека разговорите се движат во позитивна насока, но предупреди дека решението нема да дојде брзо. Паралелно, САД ја засилија својата стратегија со целосна поморска блокада на иранските пристаништа, иако има извештаи дека неколку бродови сепак поминале низ Ормутскиот теснец.
Потегот предизвика критики од Кина, која го оцени како опасен, додека Иран го смета за нарушување на својот суверенитет.
