Вести Македонија

Утре состанок за изработка на нов Колективен договор за култура

Ќе се прави нов Колективен договор за култура. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при посетата на Старата скопска чаршија, каде ќе се реконструира улицата „Самарџиска“. Според министерот, денеска испратиле пораки до Синдикатот за култура на Македонија и до СОНК за средба утре попладне во Министерството за култура и туризам на која ќе присуствува и Работната група за изготвување нов Колективен договор за култура.

„Ние уште денеска испративме порака до синдикатите, и до СКРМ и до СОНК, и веќе во утрешниот ден, Работната група, која веќе постои од претходно, ќе ја реактивираме и во утрешниот ден ќе имаме заеднички состанок за да изнајдеме решение. Јас сега не би давал одвоени мислења, се додека не се сретнеме со синдикатите и да најдеме заедничко решение како ќе одиме понатаму“, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Изјавата на министерот доаѓа по онаа дадена за Телма на 11 април, во која кажа дека Колективниот договор за култура е со изминат рок, не соодветствува со реалноста и ги повика СКРМ и СОНК да седнат заедно, да работат на нов документ што ќе ги гарантира работничките права на околу 2.400 вработени уметници и културни работници.

За Колективниот договор за култура, Уставниот суд поведе постапка за оценување на неговата уставност и законитост на седницата на 8 април, на која дел од судиите изразија сомнеж во него. Под лупа беа членовите 66 (за пресметка на платите), 53 (за платено отсуство за доусовршување дома и во странство), 127 и 128 (поврзани со склучување и објавување на Колективниот договор во Службен весник). А, Уставен по свое видување ќе го преиспита и членот 78љ од Законот за култура, за кој беше кажано дека остава министерството како основач на установите од културата да ги уреди платите и додатоците на плати на вработените во ресорот.

Од СКРМ јавно прашаа зошто Колективниот договор по трет пат е пред Уставен, кога за неговиот член 66 се расправало двапати по упатени иницијативи во изминативе години. Од таму потврдија дека утре ќе присуствуваат на состанокот, а в четврток ќе протестираат пред Министерството за култура и туризам поради, како што велат, срамната одлука на Уставен да го укине Колективниот договор за култура и поради незаконските пресметки на плати, велат од СКРМ. И од СОНК најавија дека утре ќе присуствуваат на состанокот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе