Вести Свет

„Букинг3 ги предупреди корисниците дека е под хакерски напад

Платформата за онлајн резервации на сместување Booking.com ги предупреди своите корисници дека е цел на хакерски напад, во кој „неовластени страни“ добија пристап до неодреден број имиња на клиенти, контакт информации и податоци за резервации за сместување.

„Откако ја откривме активноста, презедовме мерки за да го ограничиме проблемот. Го ажуриравме ПИН-бројот за овие резервации и ги информиравме нашите гости“, се наведува во соопштението објавено од Гардијан.

Компанијата со седиште во Амстердам не соопшти колку луѓе биле погодени од хакерскиот напад, а нејзиниот портпарол рече дека хакерите немале пристап до „финансиски информации“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе