Јајца направени од чоколадо беа изложени на 4-тото издание на „Bel’Oeuf“ изложбата пред Велигден.
Познатите мајстори на чоколадните изработки се посветија на изработка на Велигденски јајца и ги избришаа разликите меѓу уметноста и слаткарството.
Ракетата на слаткарот Мартин Кертјенс беше направена од 13 кг чоколада за 60 часа.
-Како што гледате има многу ситни парчиња кои се наредени.Работата е да ги залепиш успешно. И целото да се обои убаво. Користевме златни трошки и мала четка за да ги избоиме цвеќињата на врвот, вели Кертјенс.
View this post on Instagram
