Вселенското летало „Орион“, дел од мисијата Артемис 2, се наоѓа во завршна фаза од своето патување и се подготвува за слетување во Тихиот Океан. Според НАСА, повторното влегување во атмосферата е планирано за 10 април, во близина на брегот на Сан Диего.
Пред влезот во атмосферата, сервисниот модул ќе се одвои од капсулата, по што ќе следуваат низа маневри за прецизно насочување кон зоната за слетување.
„Орион“ ќе достигне брзина од над 38.000 километри на час, по што со помош на падобрани постепено ќе се забави и безбедно ќе слета во океанот.
Процесот на слетување вклучува активирање на повеќе серии падобрани, кои се клучни за контролирано намалување на брзината.
По слетувањето, астронаутите ќе бидат извлечени и пренесени на воен брод, каде ќе им бидат направени првични медицински прегледи.
По враќањето, екипажот ќе продолжи со рехабилитација и тестирања во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон.
Иако мисијата траела релативно кратко, експертите очекуваат дека на астронаутите ќе им бидат потребни неколку дена за целосно да се прилагодат на условите на Земјата.
Мисијата „Артемис 2“ се смета за важен чекор кон идни човечки мисии на Месечината.
