Министерството за здравство на Либан соопшти дека бројот на загинати во вчерашното масовно израелско бомбардирање се искачи на 303. Притоа се наведува дека бројката не е кочена, со оглед дека спасувачките екипи и натаму вадат тела под урнатините.
Либанските здравствени власти додаваат дека од почетокот на израелското бомбардирање на 2 март загинале вкупно 1.888 луѓе, а на 6.000 се повредени.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, пак, денеска тврди дека во вчерашните напади врз цели во Либан се убиени над 200 припадници на Хезболах или повеќе од 1.400 во досегашната воена кампања.
