Израел ќе започне преговори со Либан што е можно поскоро, наведе израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају во соопштение, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Во светло на повторните повици од Либан за отворање на директни преговори со Израел ѝ наложив на владата што поскоро да започне почне директни преговори со Либан“, вели Нетанјаху.
Разговорите, како што додава, ќе се фокусираат на разоружување на Хезболах и на воспоставување на мирни односи меѓу Израел и Либан.
Нетанјаху порача оти „го цени денешниот повикна либанскиот премиер за демилитаризација на Бејрут“.
