Македонија е меѓу земјите каде поскапувањето на јацата е најизразено пред Велигден, покажуваат податоците на Euronews, објавени на четврти месецов, а се повикуваат на Eurostat, Македонија е втора држава во Европа со високи цени на јацата, најголем годишен раст на потрошувачките цени на јајцата е регистриран во Шпанија со 31,3 отсто, додека зад неа е Македонија со 26,3 отсто. На третото место е Португалија со 20,9 отсто.

Овие бројки ги одразуваат потрошувачките цени, според Евростат, од декември 2025 година, врз основа на годишната стапка на промена.
Албанија, Латвија, Австрија, Словачка и Црна Гора, исто така, забележаа зголемување помеѓу 13% и 19%.
Инфлацијата на јајцата е исто така над 10% во Полска, Литванија, Исланд, Естонија и Романија.
Меѓу економиите на „Големата четворка“ на ЕУ, Франција забележа најмал пораст од 2,6%, по што следува Германија (3,3%), додека Италија (8,4%) беше блиску до просекот на ЕУ.
Во Европската Унија, вкупната инфлација во декември 2025 година изнесувала 2,3 отсто, додека цените на јајцата пораснале за 9,3 отсто, што значи дека овој производ поскапувал многу побрзо од општото ниво на цените.
Според податоците на Европската комисија што ги наведува Euronews, големопродажните цени на јајцата во ЕУ во февруари 2026 година биле повисоки за 18,4 отсто во споредба со истиот месец лани. Во Шпанија растот достигнал 33,7 отсто, а над 20 проценти бил и во Франција, Холандија и Чешка.
Сепак и покрај високата инфлација кај јајцата, цените во Македонија и во дел од Балканот сè уште се меѓу пониските во Европа ако се гледа цената за 12 јајца.
