Вести Економија Топ вести

Мицкоски се фали со стапката на инфлација, Филипче обвинува за празни фрижидери – кризата тема во Собранието

Енергетската криза, цените, инфлацијата беа главни теми за партиски препукувања во законодавниот дом. Лидерот на СДСМ, Филипче своите минути на собраниската говорница ги искористи да каже како државата не се справува добро со ударот од воениот конфликт. Откако наброја што тие како влада преземале за време на претходната криза, обвини дека мерките кои сега се донесени, не даваат ефекти и се задоцнети. Потенцира и дека не можат да ги убедат граѓаните дека нивниот фрижидер не е празен.

„На луѓето им е потребна директна финансиска помош. Мерките кои сега се предлагаат апсолутно немаат никаков ефект, односно граѓаните не ги чувствуваат. Дали планирате сега, не после велигденските празници, на луѓето сега им се потребни мерки кои знае како ќе биде после велигденските празници, како ќе се одвива кризата. Мерки кои што ќе бидат за таргетирани граѓани“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Премиерот Мицкоски, пак, возврати дека со потезите на владата, земјава има една од најниските стапки на инфлација, а за мерките од времето на СДСМ и ДУИ кажа дека последиците сега се плаќаат.

„Вашите мерки од времето ги плаќаме денеска. Еве сега ја вративме првата рата од 20 милиони евра солидарен данок, ќе ја вратиме сега и втората рата од следните 20 милиони евра. Тие мерки ги видоа граѓаните и неколку изборни циклуси по ред го даваат одговорот на мерките од времето на владата на СДСМ и ДУИ. Јас нема да многу зборувам за тие мерки“, одговори премиерот Христијан Мицкоски.

Претходно, мнозинството ги одби трите закони кои СДСМ ги предложи како мерки за ублажување на кризата да се донесат по скратена постапка.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе