Вести Македонија

Нова поштенска марка по повод 50 години Кинотека на Македонија

По повод значајниот јубилеј 50 години постоење на Кинотека на Македонија беше промовирана новата поштенска марка изработена од авторот Лазе Трипков. Оваа поштенска марка, испечатена во тираж од 6.000 примероци, претставува симболично признание за сето она што Кинотеката го има создадено и зачувано низ годините, имајќи ја предвид филмската уметност, културната меморија и националниот идентитет. Во време на брз технолошки развој и дигитализација, улогата на филмската архива станува уште поважна.

„Марките, како и филмската лента, се жив сведок на вредностите кои ги промовираме и ги чуваме од забот на времето или подобро кажано од заборавот. Дотолку повеќе, ние сме дијалогот кој го воспоставуваме со љубителите на уметноста и мост кон минатото и сегашноста“, изјави Бојан Кереместевски, директор на Поштенски сообраќај во АД Пошта.  

„Кинотека на Македонија низ изминатите пет децении се етаблира како централна институција за филмска архива во државата. Нејзината мисија е да ги зачува филмските материјали, да ги реставрира и дигитализира, но и да ги направи достапни за јавноста, истражувачите и љубителите на филмот. Благодарение на нејзината работа, голем број филмови, документарни записи, фотографии, плакати и други аудиовизуелни материјали се сочувани од заборав и уништување. Со тоа, Кинотека не само што ја заштитува филмската историја, туку и придонесува за зачувување на националниот и културниот идентитет“, рече Бошко Грујоски, директор на Кинотека на Македонија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе