Вести Македонија

Фото: Разбиена криминална група за трговија со дрога

Министерство за внатрешни работи соопшти дека во координирана полициска акција се лишени од слобода седум лица осомничени за учество во организирана криминална група поврзана со недозволена трговија со дрога.

Акцијата била спроведена на повеќе локации низ државата, во соработка со надлежното обвинителство.

Уапсените се од Струмица, Скопје и Штип, а извршени се претреси на вкупно 15 локации. Во операцијата учествувале и специјални полициски единици, при што биле пронајдени и одземени дрога, оружје, возила, мобилни телефони и поголема сума пари… Надлежните информираат дека истрагата продолжува.

Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и трговија со наркотични дроги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе