Вести Македонија

Мемов: Секој пензиски систем е различен, дефицит има речиси секаде во ЕУ

Пензискиот систем не може да се копира унифицирано меѓу држави, бидејќи секоја земја има сопствен модел и правила, вели директорот на Пензискиот фонд, Никола Мемов.

„Граѓаните треба да знаат дека не постои пензиски унифициран модел кој може да се прекопира од држава на држава. Секоја држава има свој пензиски систем и свој моделите пензиски фондови имаат дефицит и имаат потреба од трансфери за исплата на пензиите, освен дел од скандинавските држави, Австралија и Канада каде системите повеќе функционираат како инвестициски фондови. Не постои држава во ЕУ која што нема дефицит“, истакна Мемов, додавајќи дека дури и во Европската унија не постои систем без финансиски притисок.

Мемов посочи дека ММФ веќе предупредил за потребата од нови реформи, и дека последната поголема промена во системот е направена во 2005 година со воведување на тростолбниот пензиски модел. Тој нагласи дека стабилноста на системот зависи од бројот и структурата на осигуреници кои плаќаат придонеси.

„Сега имаме околу 570 илјади лица кои плаќаат придонеси, но тој број варира во текот на годината. Зависи од исплатата на платите од работодавачите“, истакна Мемов.

Според него, најголем дел од придонесите доаѓаат од приватниот сектор. Мемов информираше и дека е воведено актуарско одделение за долгорочно планирање и поаналитички пристап во следењето на системот.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе