Клучниот проблем е што со децении, не само за овој закон, никако не можеме да обезбедиме минимум финансиска и кадровска автономија на универзитетите, порача Ратко Дуев, универзитетски професор, во денешното издание на „Директно“ на ТВ Телма.
„Не би сакал да бидам разбран дека финансиска автономија значи анархија да се трошат парите како што сакаат, туку финансиска автономија значи текот на средствата и работата на универзитетите да не зависат од многу институционални бариери кои што сега постојат. Клучен проблем е постоење недоверба меѓу државата и универзитетите. Всушност таа недоверба прави голем дел од нефункционирањето на институциите на системот се префрлаат во законот за високо образование“, смета Дуев.
С.Д.
