Наместо унапредување на автономијата на универзитетите како основен предуслов за функционирање на системот за високо образование, сметаме дека пакетот закони, не што не се реформски, туку се антиреформски, нагласи Маја Стевановиќ, универзитетска професорка, во денешното издание на „Директно“ на Телма ТВ.
„Упадот во автономијата е во сите делови и во сите области од универзитетското работење и во законот за високо образование и во законот за квалитет и во законот за научно-истѕражувачка работа. Сметаме дека законите за квалитет и за научно-истражувачка работа како што се поставени е нешто што нема да донесе добра промена, туку спротивното“, рече Стевановиќ.
Таа посочи дека независниот академски синдикат со години бара агенција за квалитет која што ќе биде впишана во регистарот на ЕКАР. Според неа. законодавецот треба да овозможи законска рамка за формирање на таква агенција, согласно критериумите на ЕНКА.
„Тоа би била една агенција за квалитет која би била комплетно независна и од извршната власт, согласно критериумите на европскиот образовен простор и која што би била подложна на евалуација, односно нејзината работа би била проверувана од европската мрежа на агенции за квалитет“, изјави Стевановиќ.
С.Д.
