Вести Македонија

Приведен млад скопјанец кој се сомничи за „криумчарење“

Скопјанец утрово бил лишан од слобода бидејки полицијата го фатила како превезува производи без документација.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска околу 1:10 часот на улицата Јадранска магистрала во Скопје, полициски службеници од ПО – Мирковци го лишиле од слобода А.И., 22-годишен скопјанец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од КЗ.

При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираа од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Охрабрувачки напредок“ во разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцаријa

Дејан Дејан

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе