Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на трката во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“. Настанот ќе започне во 07:00 часот, при што сообраќајот ќе биде привремено затворан во три интервали од по пет минути.
Трката ќе стартува и ќе заврши во комплексот „Македонско село“, а трасата ќе се движи по дел од патот кон село Горно Нерези, по што учесниците ќе продолжат по планински патеки. Во текот на настанот, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот и настанот.
