Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можно преземање на контролата врз Куба.
Дијас-Канел посочи дека САД ќе се соочат со „непоколеблив отпор“ доколку се обидат да ја преземат земјата.
Во објава на платформата „Икс“ кубанскиот претседател наведе дека САД речиси секојдневно јавно се закануваат со насилно уривање на уставното уредување на Куба.
„Тоа е единствениот начин да се објасни жестината на економска војна како колективна казна против целиот народ“, напиша тој.
Трамп во понеделникот пред новинарите рече дека „ќе има чест да ја преземе Куба“.
