Вести Свет Топ вести

Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји

Палестинското движење Хамас денеска го повика Иран да не ги напаѓа соседните држави, бидејќи ширењето на конфликтот би можел дополнително да го дестабилизира регионот.

Потврдувајќи го правото на Исламската Република Иран да одговори на оваа агресија со сите расположиви средства во согласност со меѓународните норми и закони, движењето ги повикува своите браќа во Иран да избегнуваат таргетирање на соседните земји, се наведува во соопштението од Хамас.

Денешната порака од Хамас до Техеран е значајна бидејќи Иран со години е еден од главните меѓународни сојузници на Хамас. Техеран го поддржува палестинското движење политички и, заедно со другите милитантни групи во регионот, му обезбедува финансиска и воена помош, иако Хамас формално не е дел од мрежата на регионални сојузници на Иран, како што е либанскиот Хезболах.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе