МВР за Телма потврди дека полициски службеник е осомничен за кривично дело „Полов напад и силување“ извршено врз малолетник во Велес. Полицаецот вчера бил приведен.
-Пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот (2008) да извршува полово дејствие врз себе си, ни одговорија од МВР.
Момчето станало жртва на 16-годишна жртва, а сега го пријавило случајот.
-Однесувањето на пријавениот (полициски службеник) кај оштетениот во целиот временски период предизвикало чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае тоа што се случувало ќе има негативно влијание за него, одговорика од МВР.
Случајот е во истрага во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Целиот одговор од МВР во продолжение:
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РСМ до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, против В.К. полициски службеник вработен во Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава за кривично дело „Полов напад и силување“ по член 186 став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик на Р. С.Македонија.
Пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот (2008) да извршува полово дејствие врз себе си.
Однесувањето на пријавениот кај оштетениот во целиот временски период предизвикало чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае тоа што се случувало ќе има негативно влијание за него.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални истраги, против полицискиот извештај службеник В.К. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед и отстранување од работното место- суспензија.
