Новите воени немири ја креваат цената на нафтата. Според последните податоци, договорите за ВТИ нафтата за испорака во април поскапеа за 2,78 проценти и сега барел чини нешто над 67 американски долари.
Цената на светските берзи на брент, односно суровата нафта, се покачи за 2,87 проценти, со што барел од оваа нафта моментално се тргува по цена од скоро 73 долари.
Токму цената на нафтата на светските берзи е клучна при формирањето на малопродажната цена на горивата.
Регулаторната комисија за енергетика на секоја седмица носи одлука за цените на горивата во Македонија, а берзанските цени на суровата нафта учествуваат со околу 50 проценти при формирањето на малопродажната цена што на крајот ја плаќаат потрошувачите.
