Вести Економија Свет

По посетата на Белата Куќа, Нетфликс се повлече -„Парамаунт“ ќе го преземе „Ворнер Брос“ за 111 милијарди долари

Нетфликс се повлече од својот предлог да го купи Ворнер Брос Дисковери, овозможувајќи

и на компанијата Парамаунт Скајденс да победи во повеќемесечната битка за преземање на контролата врз едно од легендарните холивудски студија, за 111 милијарди долари.

Ворнер Брос, компанијата која минатата година се позиционираше на пазарот за продажба, соопшти дека последната понуда на Парамаунт е супериорна во однос на таа од Нетфликс.

Извршните директори на Нетфликс соопштија дека одбиле да реагираат на понудата на Парамаунт бидејќи по таа цена, договорот повеќе не е финансиски атрактивен.

Купувачот би се стекнал со контрола над познатата компанија, нејзините филмови и медиумската мрежа, преземање кое би можеле значително да го промени медиумскиот простор во САД и светот.

Минатиот декември, Ворнер Брос се согласи да ја прифати понудата на Нетфликс за дел од своите капацитети, во износ од 82 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот.

Парамаунт потоа достави ривалски предлог, кој беше првично одбиен од Ворнер Брос, но претходно оваа недела беше поднесен нов предлог, зголемен за еден долар по акција.

„Купувањето на Парамаунт секогаш беше добра можност за вистинската цена а не нешто што мора да го имаме по секоја цена“ – соопшти извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

Соопштението од Нетфликс доаѓа само неколку часа откако Сарандос ја посети Белата Куќа.

На овој начин и се става крај на повеќемесечната сага која, доколку биде одобрена од регулаторите, најверојатно ќе го преобликува Холивуд.

Договорот меѓу Парамаунт и Ворнер Брос би можел да има сериозни последици за иднината на еден од најголемите брендови медиумски брендови – Сиенен (CNN), чиј сопственик е Ворнер Брос.

Парамаунт е поддржуван од еден од најбогатите луѓе на планетата, милијардерот,  Лери Елисон и предводен од неговиот син, Дејвид.

Понудата на Парамаунт беше предмет на јавни критики, пред се заради блиските врски меѓу американскиот претседател, Доналд Трамп и Елисон, редовен и значаен донатор на Републиканската партија и МАГА движењето.

Трамп постојано ја напаѓа CNN заради критиките на кои е изложен на овој медиум. Во декември тој изјави и дека според него, овој телевизиски канал треба да биде продаден во секој потенцијален договор за Ворнер Брос.

Луѓето кои го водат Сиенен, Трамп ги опишуваше како „корумпирани или некомпетентни“, порачувајќи дека тие не треба да ја предводат оваа медиумска компанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе