Вести Македонија Топ вести

Наскоро судење за злоупотребите со ИПАРД програмата- меѓу обвинетите се Илија Стоилев, Џевдет Насуфи и неколку државни службеници

Обвинението на ОЈОГОКК за злоупотребите со ИПАРД програмата е одобрено и наскоро ќе биде определен датум на судење, објави кривичниот суд во Скопје.

Обвинети се 5-мина за различни кривични дела и тоа Давање поткуп, Давање награда за противзаконито влијание, Примање награда за противзаконито влијание и Примање поткуп.

Судот соопшти и дека во истиот склоп на делото е и обвинителен предлог против 4 други физички и 1 правно лице.

Меѓу обвинетите за злоупотребите со ИПАРД се и тогашниот директор на Платежна картичка Илија Стоилев, како и поранешниот министер за правда Џевдет Насуфи како и повеќе  државни службеници во Земјоделсие и во сродните органи.

Според обвинителството, Насуфи нудел мито од 50 илјади евра за да биде прифатен проект на струшка фирма и да добие средства од програмата ИПАРД.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе