Обвинението на ОЈОГОКК за злоупотребите со ИПАРД програмата е одобрено и наскоро ќе биде определен датум на судење, објави кривичниот суд во Скопје.
Обвинети се 5-мина за различни кривични дела и тоа Давање поткуп, Давање награда за противзаконито влијание, Примање награда за противзаконито влијание и Примање поткуп.
Судот соопшти и дека во истиот склоп на делото е и обвинителен предлог против 4 други физички и 1 правно лице.
Меѓу обвинетите за злоупотребите со ИПАРД се и тогашниот директор на Платежна картичка Илија Стоилев, како и поранешниот министер за правда Џевдет Насуфи како и повеќе државни службеници во Земјоделсие и во сродните органи.
Според обвинителството, Насуфи нудел мито од 50 илјади евра за да биде прифатен проект на струшка фирма и да добие средства од програмата ИПАРД.
Б.С.
