Вести Македонија

Професорите на ДУТ со забелешки за три области во предложениот Закон за високо образование

Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) беше домаќин на шестата јавна расправа за измените на Законот за високо образование и Законот за квалитет во образoванието. Тамошните професори за три области доставиле забелешки, со цел да се изготви конечната верзија на законот.

„Наставниот кадар мисли дека се загрозува автономијата на универзитетот со самиот факт дека покрај Сенатот се мисли да постои и универзитетскиот Совет. Второ, имам голем број на забелешки во насока на акредитација на докторските студии, бидеќи, на пример, ние како универзитет ги исполнуваме сите услови, меѓутоа мислиме дека условите, критериумите да бидат во ниво на реалната состојба. И трето, многу важно, значи и критериумите за избор во наставно-научно звање“, изјави Јусуф Зејнели, ректор на ДУТ.

„Законот нуди неколку важни елементи кои овозможуваат подобрување на квалитетот на образованието. Што значи спремни со знаење, компетенција и вештини, студенти кои ќе влезат како во академската заедница, така и на пазарот на трудот и во бизнис заедницата за да можат да ја подобрат економијата на оваа земја, а со тоа да го направат подобар животот на сите грагани во оваа земја“, рече министерката за образование, Весна Јаневска. 

А.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе