Вести Економија Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада. Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците, посочуваат од партијата на власт.

Од ВМРО-ДПМНЕ пишуваат дека друг факт е дека финалната верзија на измените не била објавена на ЕНЕР, а синдикатите информирале дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието.

Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет. Во тој момент реагираше тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе бројни амандмани со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Потестуваат дека ВМРО-ДПМНЕ поднела повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата.

Токму затоа денес, кога расте минималната плата, растат и другите плати. Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто Трендафилов не го кажува тоа? Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка? ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците, прашуваат од партијата.

Тие велат дека ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците.

Токму затоа за 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување. Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.Работниците заслужуваат сигурност, а не дневнополитички конструкции од страна на СДС, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе