Вести Свет

Цукенберг сведочеше на судењето за социјалните медиуми

Mарк Cукенберг и адвокатите на спротивната страна со искази во судницата во Лос Анџелес  каде што извршниот директор на „Мета“ одговараше на прашања за користењето на инстаграм од страна на младите луѓе, неговото сведочење пред конгресот и внатрешните совети што ги добил за тоа да биде „автентичен“, а не „роботски“.

Сведоштвото на Цукенберг е дел од судење за социјалните медиуми, односно дали платформите на „Мета“ намерно создаваат зависност и им штетат на децата.

За време на испрашувањето од страна на адвокатот на тужителот, Цукенберг  изјавил дека сè уште се согласува со претходната изјава што ја даде дека постојниот збир на научни трудови не докажал дека социјалните медиуми предизвикуваат штети врз менталното здравје.

Адвокатот на тужителот, Марк Ланиер, го прашал Цукенберг дали луѓето имаат тенденција да користат нешто повеќе ако тоа предизвикува зависност?

Цукенберг изјавил дека не е сигурен што да одговори на тоа, но мисли дека тоа не важи за овој случај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе