Вести Македонија

Угрински: Поплавите не се само од дожд туку и од топење на снегот

Опасноста од излевање на реките денеска е намалена, но состојбата сè уште не е целосно стабилизирана. Водата од критичните точки постепено се повлекува, особено во кичевскиот регион, каде што состојбата полека се нормализира. Сепак, во западниот дел од земјата дел од водостоите остануваат високи објасни Атанас  Угрински, кој е помошник раководител на Секторот за хидрологија при УХМР. Угрински предупреди дека во горниот дел на сливот на Вардар се уште постојат ризици за излевање на реката.

„Во гостиварскиот и полошкиот регион водостојот сè уште е на критично ниво и постои опасност од локални заезерувања и излевање на реката“, вели Угрински.

Тој објаснува дека во текот на денот се очекува стабилизирање на состојбата поради заладувањето и промената на ветерот.

„Ветерот го менува правецот од јужен во северен, што ќе донесе врнежи од снег на повисоките планини. Со тоа ќе се намали водотекот, а во текот на ноќта се очекува целосен престанок на врнежите“, посочува тој.

Според Угрински, поплавите не се резултат само на обилните врнежи.

„Поплавите не се случија само поради дождот, туку и поради топењето на снегот. Постоеше создадена подлога и заситена почва поради повеќемесечните врнежи, што ги зголеми и водостоите и нивото на подземните води“, нагласува Угрински.

Во изминатите месеци, од ноември наваму, Македонија беше под влијание на циклонски активности од Џеновскиот залив, што доведе до постојани повремени врнежи и надпросечни водостои. Токму таа комбинација од фактори создаде предуслови за денешните поплави.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе