Вести Македонија Топ вести

Расте бројот на пријави за родово базирано и семејно насилство

Бројот на пријави за родово базирано и семејно насилство расте. Сепак, голем дел од жртвите и натаму се плашат да го пријават насилството. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права апелираат да побараат помош и да не остануваат сами во процесот. Тие обезбедуваат бесплатна правна помош.

  • „Сите граѓани кои имаат прашање или нешто што ги интересира може да побараат помош кај нас. Тоа значи дека ние може да ги водиме низ процесот, да им помагаме, да им обезбедиме придружба доколку е потребна во некој случај и секако да го следиме постапувањето на институциите“-Тона Карева Талеска, Хелсиншки комитет за човекови права.

Оттаму посочуваат дека институциите понекогаш потфрлаат во реакциите.

  • „Мислам дека сите сме сведоци дека не секогаш институциите постапуваат соодветно со оглед на бројот на фемициди и статистика на родово базирано насилство и семејно насилство кое се случува секоја година“ -Тона Карева Талеска, Хелсиншки комитет за човекови права.

Според податоците на МВР бројот на убиства на жени се менува од година во година, додека семејното насилство бележи пораст.На пример, пред четири години, во 2022-ра имало два фемициди, а во 2023-та девет жртви на фемицид.

 

Бројот на кривични дела каде најголем дел од жртвите се жени со години не паѓа под илјада.

Последниот случај на насилство врз жена е регистриран викендов. 52- годишен маж ја нападнал својата дваесет години помлада бремена партнерка, која едвај се спасила и завршила со хематоми на главата и телото.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе