Обвинение против двете газдарици, од кои едната е и директорка, на фирмата АСД метал груп, и уште еден човек, кој учествувал со особен придонес во работата на фирмата која управуваше со отпадот за старо железо кој летоска изгоре во Визбегово. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.
Директорката и неформалниот газда се товарат за посериозни дела, додека другата сопственичка не била свесна за опасноста, но е обвинети за полесно дело затоа што била должна да знае.
Пожарот во Визбегово избувна утрината на 9 јули, по што почна да се шири густ црн чад. Репортерите од терен тогаш јавуваа дека во отпадот за хаварисани автомобили, гореа гуми, пластика, кабли и стари автомобили, а се слушале и експлозии, најверојатно од плинските резервоари. Сопствениците тогаш ја нападнаа и новинарската екипа на Алсат која известуваше за пожарот.
Дозволата за управување со отпад на фирмата истекла пет месеци пред пожарот.
Срѓан Стојанчов
ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово
