Вести Македонија Топ вести

Пандовски во Топ Тема: Во делот за граѓанска конфискација – првиот проблематичен дел е фокусирање на имотот наместо на лицето

Во делот за граѓанска конфискација – првиот проблематичен дел е фокусирање на имотот наместо на лицето, истакна во вечерашната Топ Тема, Благоја Пандовски, претседател на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“.

  • Товарот на докажување, тоа е на товар на оној кој го има имотот. Во држави каде функционираат органите тие откриваат нелегални текови на средства и на крај казнуваат и вршат конфискација. Имаме нарушување на пресумпцијата на невиност, секогаш кога се конфискува имот без за тоа да постои кривична постапка тоа е нарушување на пресумпција на невиност, објасни тој.

Според него најважен е оној склоп на органи кои ова треба да го извршат – обвинителство, финансиска полиција, државниот правобранител кој поднесува тужба, „таа државна структура на функционирање на овој закон дава сериозни потенцијали за злоупотреба и селективна примена“.

Ова е уште еден закон кој го најавија политичките партии со караниците, велеа, обидете се со меѓународна правна помош и едни други не сакаат и бараат начин као да го стават во „обланда“, рече Горан Трпеноски, поранешен антикорупционер.

  • Јас сум против законот за потекло на имот, како магистер на Кривично право и сега да сакаме може да се провери се. Имавме во Југославија закон за потекло на имот, но тоа треба да се направи за сите граѓани во државата, што е виновен некој од некаде. Поголемиот проблем е злоупотребата, а ние имаме историја на злоупотреба како случајот Големото уво, прислушкување и слично. Во тој дел ми е дилемата, фокусот треба да биде на сумата и на избрани и именувани функционери. Еве на пример и син ми има некој свој таен фонд и си чува за нешто пари, сега него ли треба да го проверувам?, праша Трепоски.

Тој предлага една ставка она што е најдено како нелегално стекнат непријавен имот (стан, кола) казната да биде 80% од вредноста, е не како што е сега 150 евра.

Трпеноски потсети дека своевремено поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев имал заборавено да пријави во Анкетниот лист 80.000 евра.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе