Во делот за граѓанска конфискација – првиот проблематичен дел е фокусирање на имотот наместо на лицето, истакна во вечерашната Топ Тема, Благоја Пандовски, претседател на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“.
- Товарот на докажување, тоа е на товар на оној кој го има имотот. Во држави каде функционираат органите тие откриваат нелегални текови на средства и на крај казнуваат и вршат конфискација. Имаме нарушување на пресумпцијата на невиност, секогаш кога се конфискува имот без за тоа да постои кривична постапка тоа е нарушување на пресумпција на невиност, објасни тој.
Според него најважен е оној склоп на органи кои ова треба да го извршат – обвинителство, финансиска полиција, државниот правобранител кој поднесува тужба, „таа државна структура на функционирање на овој закон дава сериозни потенцијали за злоупотреба и селективна примена“.
Ова е уште еден закон кој го најавија политичките партии со караниците, велеа, обидете се со меѓународна правна помош и едни други не сакаат и бараат начин као да го стават во „обланда“, рече Горан Трпеноски, поранешен антикорупционер.
- Јас сум против законот за потекло на имот, како магистер на Кривично право и сега да сакаме може да се провери се. Имавме во Југославија закон за потекло на имот, но тоа треба да се направи за сите граѓани во државата, што е виновен некој од некаде. Поголемиот проблем е злоупотребата, а ние имаме историја на злоупотреба како случајот Големото уво, прислушкување и слично. Во тој дел ми е дилемата, фокусот треба да биде на сумата и на избрани и именувани функционери. Еве на пример и син ми има некој свој таен фонд и си чува за нешто пари, сега него ли треба да го проверувам?, праша Трепоски.
Тој предлага една ставка она што е најдено како нелегално стекнат непријавен имот (стан, кола) казната да биде 80% од вредноста, е не како што е сега 150 евра.
Трпеноски потсети дека своевремено поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев имал заборавено да пријави во Анкетниот лист 80.000 евра.
Б.С.
