Вести Свет Топ вести

Насилни протести во Тирана – полицијата со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и ракети за време на демонстрациите вечерва во центарот на Тирана од страна на илјадници поддржувачи на опозицијата кои бараа оставка од владата на Албанија.

Владата на премиерот Еди Рама е критикувана поради обвинувањата за корупција во кои е вклучена вицепремиерката Белинда Балуку, но Рама се спротивстави на повиците за нејзино разрешување.

Се повеќе има барања пратениците да го укинат имунитетот на Балуку од кривично гонење, што може да се направи само со гласање во парламентот.

Обвинителите за антикорупција ја обвинија Балуку, која е и министерка за енергетика и инфраструктура, за мешање во јавните набавки за градежни проекти за фаворизирање на одредени компании и побараа да се укине нејзиниот имунитет.

На протестот вечерва во главниот град на Албанија присуствуваа илјадници луѓе.

Тоа беше трета таква демонстрација во последните месеци со која се бараше оставка од Рама.

Повеќе од 1.300 полицајци беа распоредени за да ја вратат безбедноста.

Претходните протести, исто така, станаа насилни, при што демонстрантите фрлаа молотови коктели и камења кон полицијата и владина зграда, а властите одговорија со солзавец и водни топови.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, поранешен премиер кој и самиот се соочи со обвиненија за корупција, го опиша протестот како „мирно востание“ во критичен момент за Албанија.

Зборувајќи на протестот, тој го обвини Рама дека „објавува војна на правосудниот систем“.

Албанија се надева дека ќе се приклучи на Европската Унија и е под строг мониторинг од страна на блокот како дел од нејзиниот процес на пристапување, кој се надева дека ќе го заврши до 2027 година.

Сепак, меѓународните набљудувачи велат дека земјата продолжува да страда од широко распространета корупција.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе