Конвој од камиони и комбиња денеска ја транспортираа запленетета марихуана од Струмица тешка околу 30 тони. Полицијата влезе во две фирми за одгледување на медицинска марихуана во регионот, а едната од нив „CBD Medplant“ од Борисово, Ново Село.
Формирана е во 2018 година, а сопственици се Коље Василев, Христијан Котев, Алекс Гомес, Добринка Кирилиева и СГБ проперти СА.
Инаку Тони Коцев таткото на Христијан Котев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село.
Најголемото количество на запленетата марихуана потекнува откму од „CBD Medplant“. Фирмата, според бизнис мрежа и во 2023 и 2024 година работела со добивка. Едната година заработила 11 илајади евра, а другата 75 илјади евра.
Полицијата влезе во струмичките фирми, бидејќи се поврзани со скопската „Алфафарм“ од кај тргна истрагата и од каде се запленија претходно речиси 10 тони марихуана.
Станува збор за најголемата заплена на марихуана од независноста на државата.
