Вести Македонија Топ вести

Јавно извинување по заканите од блокадите во Битола

Рафет и Феим Мемишовски од Битола јавно им се извинија на државниот врв за заканите упатени за време на протестите поради одземените возила на граѓани кои возеле без возачка дозвола. Извинувањето го објавија преку видеопораки на социјалните мрежи.

За време на блокадите во Битола тие изјавија дека ќе има убиства и тепачки доколку полицијата продолжи да ги конфискува возилата.

  • „Се извинувам пред целата Влада и целото министерство, пред премиерот и претседателот што направив грешка и што се заканив. Ова нема да се повтори уште еднаш. Бев изнервиран затоа што на братучед ми му ја одзедоа колата, под стрес бевме сите. Се извинуваме“, вели Рафет Мемишовски во видеопораката.
  • „Дојде син ми и ми кажа дека полицијата му ја зела колата. Јас се возбудив,  кој и да беше  истото ќе го направеше, но згрешив. Се извинувам што се однесував така безобразно кон власта и премиерот“, рече Феим Мемишовски.

Револтирани граѓани на  3 февруари го блокираа магистралниот пат Охрид – Прилеп кај Битола,  а протестите се проширија и во други градови. Тие бараа да се укине мерката за одземање возила при возење без дозвола.

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека од МВР побарал  жесток одговор за заканите и нарушувањето на јавниот ред и мир, протестите престанаа.

Независниот полицискиот синдикат поднесе кривични пријави за заканите кон полициските службеници.

Емилија Мисирлиевски 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе