Целиот период по осамостојувањето на Македонија имаме една нетипична ситуација, а тоа е вишок на структурна ликвидност, рече гувернерот на НБРМ, Трајко Славевски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Она што ги учиме учениците во учебниците по економија е дека Централната банка е позајмувач во крајна инстанца, централната банка им позајмува средства на банките. Ние не го правиме тоа. Ние, напротив, вшмукуваме, односно повлекуваме ликвидност, затоа што, причините се повеќе, постои вишок на ликвидност во банкарскиот систем. Една од основните е тоа што граѓаните претпочитаат да штедат, односно да инвестираат во депозити, отколку во другите финансиски средства, нешто што се менува за разлика од поразвиени финансиски системи“, изјави Славевски.
С.Д.
