Вести Свет

Шпанија одлучна да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години, во слична насока и Словенија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека технолошките компании нема да ја поколебаат волјата на владата да забрани користење на социјалните мрежи за младите. Тој ги обвини „технолошките олигарси“ дека шират лаги за Шпанија и порача дека демократијата нема да биде поколебата од „алгоритамските гиганти“, пренесува „Ројтерс“.

Таквите планови на владата во Мадрид за забраната на социјалните мрежи за помлади од 16 години наидоа на критики од основачот на Телеграм, Павел Дуров и извршниот директор на Икс, Илон Маск. Дуров предупреди дека предложениот закон ја принудил платформата да собира податоци за сите корисници и ѝ овозможува владата да има контрола врз содржината.

И владата на Словенија на седница усвои насоки за измана на законот со кој би се ограничило користење на социјалните мрежи за помлади од 15 години, објави агенцијата СТА. Иницијативата, според потпретседателот на владата Матеј Арчон, ја подготвило министерството за образование, а пред усвојување на законот ќе се чека мислење и од министерството за дигитална трансформација.

Франција, Данска и Грција веќе преземаат конкретни мерки, а возрасни ограничувања најави и Португалија. Слични иницијативи за строга контрола и рестрикции се појавуваат и на ниво на Европската Унија (ЕУ). Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен уште во септември рече дека ЕУ треба да разгледа возрасно ограничување за пристап до социјалните мрежи.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе