Вести Македонија Најважни

Стравични сцени, спасување на деца, битка со огнот – пожарот во „Пулс“ низ сведочења на двајца пожарникари од Кочани

Стравичните сцени, спасување на деца, битка со огнот – пожарот во „Пулс“ низ сведочења на двајца пожарникари од Кочани. Едниот бил на смена и заедно со колега биле  првиот тим што пристигнал пред „Пулс“  во 2:40 часот. Првата слика  биле  тела пред диското и на скалите, втората заглавени испреплетени млади луѓе на влезната врата за чие извлекување побарал помош од полицијата и други луѓе.

„Некои беа избезумени, во шок и грч, моравме да ги носиме до паркингот… Ни рекоа дека има заглавени деца и во билетарницата. Кога отидов таму имаше над 10 лица што лежеа на земја и не даваа знаци на живот. Почнавме да ги извлекуваме“, рече Благој Паунов, пожарникар.

Командирот на ППЕ од Кочани сведочеше за распламтениот оган за јагленосаноте тела, но и за потешкотиите со гаснење на пожарот. Пред тоалетот имало сандаче хидрант, внатре имало црево, но не и вентил поради што не можеле да го користат. За екстремно високата температура внатре посочи дека имал изгореници и пликови под опремата и покрај тоа што не бил во допир со огнот.

„Имаше многу деца што бараа помош. Внатре влегов со опрема и боца кислород, таму веќе имаше колеги кои почнале да извлекуваат лица. Некои од колегите истовремено извлекуваа, а другите со вода го потиснувавме огнот. Јас со млазот вода влегов внатре и правев лепеза од вода за да се намали температурата, да не нè пеплоса огнот сите, додека другите извлекуваа лица“, изјави Драган Апостолов, командир на ППЕ Кочани.

Сведочеа и двајца млади луѓе кои кобната ноќ го преживеале пожарот, но на излегување  во стампедото изгубиле свест и паднале. Потоа се разбудиле едниот на паркинг другиот во болница. Потврдија дека во диското имало реновирање по кое плафонот бил спуштен, а немало ни тераси. Петтиот сведок не стаса на барање на одбраната на Гроздан Милковски поради здравствни причини што реагираа родителите во судницата.

Уште утринава тие побараа надлежните да истражат притисоци врз сведоци од братот на Дејан Јованов кој во затворот користел телефон од друг притвореник.

Имаме сознанија дека лицето Ј.Ј. кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му дава мобилен телефон на користење на лицето Тодор Јованов, брат на монструмот, кој преку Вибер-комуникација врши притисок врз сведоците на Обвинителството. Ги повикуваме надлежните служби да ја проверат оваа информација и детално да ги проверат и комуникациите остварени преку овој телефон. Се случи геноцид на млада генерација поради алчност, корупција и несовесно работење, а пак продолжува да се работи во таа насока. Ние родителите на овие млади убиени деца нема да дозволиме вистината да остане затскриена“, посочи Јулија Златкова, мајка на Томас Златков.

Адвокатот на ексминистерот Крешник Бектеши го повика обвинителството да го преиспита обвинението по примерот на обвиненијата за полицајците каде за тешки дела против општата сигурност одговараат само оние директно поврзани со пожарот. Државните службеници од поголем дел од институциите не можат да останат во постапката.

За поголем дел од обвинетите овде постпаката треба да запре затоа што лица што не се присутни таа вечер и не се на должност со конкретни должности, со конкретни обврски кои можеле да бидат презмени или пропуштање за настанување на пожарот и последиците“, рече Еленко Миланов, адвокат.

Следното рочиште е на 19 февруари со уште петтмина сведоци на обвинителството.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе