Вести Македонија

Трета жртва од грипот – бројот на заболени опаѓа

Шеесет и двегодишен маж од Тетово починал од компликации предизвикани од грип, соопшти Институтот за јавно здравје. Од Клиничката болница во Тетово информираат дека станувало збор за обезен пациент со дијабетес, кој не бил вакциниран против сезонски грип. Пациентот имал симптоми десетина дена пред да побара лекарска помош. Последните три дена пред хоспитализација неговата здравствена состојба значително се влошила. При приемот во болницата имал ниска сатурација, поради што бил хоспитализиран и ставен на кислородна поддршка и соодветна терапија. И покрај лекарската грижа, состојбата не се подобрила и пациентот починал.

„Пациентот имал кашлица уште десет дена пред прегледот. Последните три дена состојбата му се влошила. При приемот имаше ниска сатурација и беше задржан на болничко лекување со кислородна поддршка и терапија“, објаснија од Клиничката болница во Тетово.

Инаку бројот на заболени од грип се намалува. Во петтата недела од 2026 година има 1.498, што претставува намалување од 12,3% во однос на претходната недела, кога имаше 1.708 случаи.  Најголем дел од заразените се на возраст од 15 до 64 години од Скопје.

Ова е трет пациент кој почина од компликации на грип сезонава. Претходно, 75-годишна жена од Скопје и 69-годишен маж од Кавадарци починаа од компликации на грип.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе