Вести Македонија Топ вести

(живо)Сали Мурати во Топ Тема: Коалицијата Европски Фронт е за тоа да се зголеми минималната плата и пензија

Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Бране Петрушевски – ВМРО- ДПМНЕ, Бисера Костадиновска-Стојчевска – СДСМ и Сали Мурати – Коалиција Европски Фронт.

На прашањето дали пратениците ќе предложат намалување на коефициентите за нивните и функционерските плати или во март ќе добијат поголеми плати, Сали Мурати од Коалицијата Европски Фронт, истакна дека неговата пратеничка група сме за преиспитување на коефициентите на функционерските плати.

  • Потребен е јасен редослед на приоритетите, прво минималната плата и достоинствен живот кои ги гарантира и Уставот – дали минималната плата овозможува достоен живот. Во финална фаза е нашиот предлог како Европски фронт за измени и дополнувања на минималната плата со кој би се гарантирал достоинствен живот и би се покриле основните животни потреби- храна, домување, греење, здравство и образование. Второ, тука се пензиите и социјалните надоместоци, најниската пензија е 9-10.000 денари тоа се луѓе кои работеле 40 години. Трето се здравството, безбедносни структури и тогаш македонската јавност ќе ја прифатите и платата на избраните и именувани функционери. Да, ние сме за да се зголеми минималната плата и пензија, рече Мурати.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе