Во Топ Тема вечерва дебата со пратениците: Бране Петрушевски – ВМРО- ДПМНЕ, Бисера Костадиновска-Стојчевска – СДСМ и Сали Мурати – Коалиција Европски Фронт.
На прашањето дали пратениците ќе предложат намалување на коефициентите за нивните и функционерските плати или во март ќе добијат поголеми плати, Сали Мурати од Коалицијата Европски Фронт, истакна дека неговата пратеничка група сме за преиспитување на коефициентите на функционерските плати.
- Потребен е јасен редослед на приоритетите, прво минималната плата и достоинствен живот кои ги гарантира и Уставот – дали минималната плата овозможува достоен живот. Во финална фаза е нашиот предлог како Европски фронт за измени и дополнувања на минималната плата со кој би се гарантирал достоинствен живот и би се покриле основните животни потреби- храна, домување, греење, здравство и образование. Второ, тука се пензиите и социјалните надоместоци, најниската пензија е 9-10.000 денари тоа се луѓе кои работеле 40 години. Трето се здравството, безбедносни структури и тогаш македонската јавност ќе ја прифатите и платата на избраните и именувани функционери. Да, ние сме за да се зголеми минималната плата и пензија, рече Мурати.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
