Вести Свет

Нова рунда преговори за крај на војната меѓу Украина и Русија

На нова рунда преговори ќе учествуваат американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер  со Русија и Украина во Абу Даби, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

Таа оцени дека пратеникот Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, „го направил невозможното возможно“ кога станува збор за постигнување мир на Блискиот Исток и дека затоа се очекува слично да биде направено и во случајот со војната во Украина, пренесува Фокс њуз. Таа трилатералните состаноци од јануари оваа година ги нарече „историски“.

На разговорите во јануари, американската делегација ја сочинуваа пратениците Виткоф, Кушнер и Џош Груенбаум, како и воениот секретар Ден Дрискол и генералот Алексус Гринкевич. Украина ја претставуваа шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирило Буданов, советникот за национална безбедност Рустем Умеров и началникот на воениот штаб, генерал Андриј Хнатов, заедно со советниците Сергиј Кислица и Давид Арахамија. Рускиот тим го предводеше шефот на руската воена разузнавачка служба Игор Костјуков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Муцунски на Дубровник форум: Со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе