Петте тони марихуана пронајдени во село во близина Крушевац биле набавени од Македонија во текот на месецов, соопшти српското обвинителство за организиран криминал објавија тамошните медиуми а еден од осомничените Иван Драгниќ е ко-сопственик на компанијата „Алфафарм“ од Скопје. За обвинителите индикативно е тоа што фирмата е за производство и преработка на медицински канабис
- Обвинителство за организиран криминал Србија: Според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку границата до магацинот на семејството на осомничените Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ја земал за понатамошна продажба.
Петмина се осомничени за неовластено производство и дистрибуција на дрога. Меѓу тројцата што вчера добија притвор според иницијалите е и Драгниќ.
Според податоците на Бизнис мрежа и другите јавно достапни информации, Драгниќ е еден од четворицата сопственици но и управител на Друштво за производство, промет, трговија и услуги АЛПХАПХАРМ ГРОУП ДОО Скопје.
Еден од сопствениците на фирмата има исто презиме како осомничениот организатор кој е во бегство за него српското обвинителство бара да се распише потерница
Фирмата нема оставено број или електронска пошта за контакт. Основана е на 31.07.2023година.
Дали македонското министерството за внатрешни е информирано, дали се истражува како 5 тони марихуаната ја поминале границата, од МВР без детали.
- МВР: Министерството за внатрешни работи презема соодветни оперативно тактички мерки и активности согласно полициските овластувања. Воедно ве информираме дека македонската полиција на високо ниво соработува и разменува тековни информации со партнерските полиции од регионот и Европа.
Српската полиција во четвртокот соопшти дека петте тони рекордна заплена на марихуана е проценета на вредност од 7 до 10 милиони евра.
Според медиумите, марихуаната била складирана во фирма на двајца од осомничените татко и син во селото Коњух, од каде што понатаму ја дел од осомничените ја дистрибуирала во Белград, за натамошна продажба.
Премиерот Мицкоски нема сознанија за аферата со марихуаната набавена од Македонија која завршила во Србија.
Од СДСМ прашаа кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и обвинија дека без поддршка на структури во власта и во македонските институции ова е невозможно да се случи.
Елена Ивановска Мукоска
Б.С.
